фото: EPA/WILL OLIVER

ВИДЕО | Челси го совлада Есперанс за осминафинале на Светското клупско првенство

Фудбалерите на Челси го победија Есперанс со 3:0 во натпреварот од третото коло на Светското клупско првенство во САД. Во вториот натпревар од Групата Д, Фламенго и Лос Анџелес одиграа нерешено 1:1.

Ремито беше доволно за бразилските гиганти да го задржат првото место, додека Челси рутински ја оправда својата улога на фаворит и се пласираше во нокаут фазата од второто место.

Тосин Адарабиојо донесе предност за лондонските „сини“, а водството го зголеми Лиам Делап. Тајрик Џорџ во седмата минута од судиското продолжение на второто полувреме го реализираше третиот гол за англискиот клуб.

Лос Анџелес преку Денис Буанга поведе во 84 минута, додека Јан Волас израмни две минути подоцна и го обезбеди првото место за бразилскиот тим.

Фламенго на тој начин ќе има можност да игра против уште еден европски гигант во осминафиналето, со оглед на тоа што Баерн заврши втор во групата Ц. Челзи, пак, го очекува натпревар против Бенфика во кој ќе ја има улогата на фаворит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот