Хакан Чалханоглу стрелаше во важниот триумф на Интер во ЛШ/Милано, Италија/4 октомври 2022/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

ВИДЕО: Чалханоглу му донесе важен триумф на Интер против Барса

Во дербито на Лигата на шампионите во третото коло екипата на Интер пред своите навивачи на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано ја совлада Барселона со 1:0.

Ова беше само трет триумф на миланските „нераѕури“ против Каталонците, единствениот погодок беше дело на Чалханоглу непосредно пред паузата (45+2`) по асистенцијата на Димарко.

Баерн Минхен убедливо славеше на домашен терен против чешкиот претставник Викторија Плзен (5:0) и се наоѓа на чекор од пласман во нокаут-фазата.

Доста неизвесно е во групата „Д“, после изненадувачкиот триумф на Марсеј против Спортинг, составот на Тотенхем одигра без голови кај Ајнтрахт Франкфурт.

Лига на шампиони

Трето коло, резултати –

Група „Ц“

Баерн Минхен – Викторија Плзен 5:0
Интер – Барселона 1:0

Табела: Баерн Минхен 9 бодови, Интер 6, Барселона 3, Викторија Плзен 0.

Група „Д“

Марсеј – Спортинг 4:1
Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0:0

Табела: Спортинг 6 бодови, Тотенхем 4, Ајнтрахт Франкфурт 4, Марсеј 3.

ВИДЕО: Наполи го прегази Ајакс во Амстердам, Клуб Бриж има „три од три“ во ЛШ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот