ВИДЕО: Наполи го прегази Ајакс во Амстердам, Клуб Бриж има „три од три“ во ЛШ
Вечерва се одиграни натпреварите од третото коло во групите на Лигата на шампионите, изненадувачки продолжува победничката серија на Клуб Бриж.
Препорачано
Белгиската екипа во групата „Б“ веќе ја забележа и третата победа сезонава, на домашен терен со 2:0 го совлада Атлетико Мадрид. Стрелци на головите беа Сова во 36 и Хутгла во 62 минута од средбата.
Во групата „А“ трет триумф запиша Наполи кој со 1:6 го декласираше Ајакс на гостувањето во Амстердам.
Иако Холанѓаните поведоа во деветтата минут со голот на Кудус, следуваше огромниот пресврт на „наполитанците“ на „Јохан Кројф“ Арената.
Двапати во листата на стрелците се запиша Распадори, а по еден погодок имаа Ди Лоренцо, Зиелински, Кварацхелија и Симеоне. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за италијанскиот клуб настапи од 64 минута како замена за Кварацхелија.
Лига на шампиони
Трето коло, резултати –
Група „А“
Ливерпул – Ренџерс 2:0
Ајакс – Наполи 1:6
Табела: Наполи 9 бодови, Ливерпул 6, Ајакс 3, Ренџерс 0.
Група „Б“
Порто – Баер Леверзекун 2:0
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид 2:0
Табела: Клуб Бриж 9 боддови, Порто 3, Баер Леверкузен 3, Атлетико Мадрид 3.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


