ВИДЕО | Цели куќи обвиени во мраз во Онтарио, ниските температури ги плашат луѓето

Онтарио, Канада студ/ Фото: Cole Burston / AFP / Profimedia

Домовите покрај езерото во Онтарио се оковани со дебел слој мраз откако снежната бура од минатиот викенд на брегот исфрли поголема количина вода. Жителите на заедницата Форт Ири изјавија дека брановите се удирале врз ѕидовите на куќите за време на невремето.

„Водата замрзна од задниот дел на куќите, од врвовите на куќите надолу“, изјави жителот на Форт Ери Дерек Таплинг за Си-Ти-Ви. „Огромна количина на вода удри во ѕидовите на куќите и веднаш замрзна. Тоа е апсолутно неверојатно“, додаде тој.

Заедницата се наоѓа западно од округот Ири, Њујорк, каде историската снежна бура однесе повеќе од 30 животи. Во Форт Ири, температурите во текот на ноќта за време на бурата паднаа за околу 20 степени под просекот за овој период од годината. Таплинг изјави за Си-Ти-Ви дека мразот што се насобрал на куќите бил дебел најмалку 12 инчи, а жителите се загрижени за штетите на куќите.

„Овде сме долго време и никогаш не сме виделе толку лошо време во овој период од годината“, рече Таплинг. „Штетата и уништувањето на домовите се неверојатни“, додаде тој.

Температурите во областа Форт Ири се очекува да се искачат на околу 20 степени над нормалата, што може да доведе до брзо топење и акумулација на вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот