Бродот „Биг бос дајмонд“ (лево) / Фото: Instagram / Bigbossdiamond

ВИДЕО | Бродолом кај Мармарис — потона „Големиот шеф“, кој носел 150 туристи

Туристички брод наречен „Големиот шеф“, кој бил на дневно крстарење кај познатото турско летувалиште Мармарис, почнал да се полни со вода и за кратко време целосно потонал во близина на Рајскиот Остров.

Причините за несреќата сѐ уште се утврдуваат.

Како што се наведува во писменото соопштение на гувернерот на областа Мугла, веднаш по пријавата за потонување на бродот на кој се наоѓале вкупно 148 луѓе (120 возрасни, 20 деца и осуммина членови на екипажот), спасувачките тимови биле брзо мобилизирани и упатени на терен.

Благодарение на брзата координација на професионалните спасувачки служби и солидарноста на околните пловни објекти кои веднаш пристигнале на помош, избегната е огромна трагедија. Сите патници и членови на екипажот биле навремено и безбедно евакуирани од бродот и успешно префрлени на копно.

Турските медиуми објавија аматерски снимки на која се гледаат моментите кога преплашените патници го напуштаат бродот, кој полека тоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот