ВИДЕО | Британскиот математичар Јејтс тврди: Коронавирусот во целост би можел да се смести во една лименка кока-кола

Целата распространетост на коронавирусот што моментално циркулира во светот лесно може да се смести во една обична кока-кола лименка  – пресметал британскиот математичар Кит Јејтс, од Универзитетот во Бати и со тоа покажал колку проблеми може да предизвика толку мал вирус.

Комбинирајќи ги светските податоци за бројот на новозаразени и проценките за количината на вирус по лице, математичарот заклучил дека во светот има околу 2.000.000.000.000.000.000 честички на вирусот корона, пишуваат странските медиуми.

Земајќи ја предвид големината на короната на вирусот, во просек околу 100 нанометри, Јејтс потоа го пресметал вкупниот волумен на вирусот.

Дури и кога ќе се земат предвид острите протеини на вирусот и фактот дека неговата тркалезна форма ќе остави простор помеѓу честичките, вкупниот волумен сепак е помал од една обична лименка кока-кола од 330 мл.

Неверојатно е кога мислите дека сите проблеми, хаос, тешкотии и загуби на бројни животи во изминатите две години се резултат на нешто што се вклопува во две голтки пијалак, истакнува Јејтс.

Научниот свет во паника – во Британија се појави нова мутација наречена супер сој

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот