ФК Брегалница

ВИДЕО | Брегалница со еврогол го урна Охрид и го презеде врвот во ВМФЛ

Екипата на Брегалница направи голем чекор кон враќање во Првата лига, откако во можеби најважниот натпревар сезонава славеше минимална, но злато вредна победа од 1-0 против лидерот до ова коло, Охрид.

„Сините“, предводени од Влатко Костов, одиграа токму како што се очекуваше во ваков клучен момент од сезоната, а дополнителен мотив им беше и одличната атмосфера на Градскиот стадион во Штип, каде трибините беа исполнети и навивачите даваа силна поддршка.

Одлучувачкиот момент се случи во самиот финиш на првото полувреме. По една грешка во одбраната на гостите, топката стигна до Лука Ѓеоргиев, кој од околу 16 метри испрати силен удар и ја затресе мрежата за водство од 1-0.

Во продолжението, Охрид се обиде да се врати и барем да избегне пораз, но Брегалница одигра сигурно во одбраната и не дозволи изненадување, освојувајќи три исклучително важни бода.

ВМФЛ: Беласица освои бод во Сингелиќ, Охрид може да побегне на врвот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот