ВИДЕО | Бред Пит ја одбил улогата во хитот на „Нетфликс“, причината зошто може да ве изненади

Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Еден од најдобрите режисери на трилери, Дејвид Финчер, кој зад себе ги има хитовите како „Fight club“ (Клуб на борци) и „Zodiac“ (Зодијак), во интервју за магазинот „Ролингстоунс“ откри дека Бред Пит одбил да се појави во неговиот најнов филм „The Killer“ (Убиецот), кој го сними за Нетфликс.

„Убиецот“ е акционен трилер, заснован на истоимениот француски графички роман од 1998 година, кој следи неименуван платен убиец „изгубен во светот без морален компас“. Главната улога во филмот ја отелотворил Мајкл Фасбендер, но тој не бил првиот избор на Финчер за улогата на платениот убиец.

Финчер во едно интервју изјави дека на адаптацијата на графичкиот роман работи од 2007 година, а во 2008 година му ја понудил главната улога на Бред Пит, со кого соработувал во „Клуб на борци“ и трилерот „Седум“ (Se7en). Но, на Пит не му се допаднала мрачната атмосфера на филмот.

„Првично планирав да му ја дадам улогата на Бред Пит уште во 2008 година. Но, неговиот одговор на понудата беше: ‘Ех, ова е премногу нихилистичко за мене. Ни требаше некој кој може да го прифати тој аспект на ликот. Десет години подоцна, кога Енди и јас разговаравме за тоа, се сетив на Мајкл Фасбендер“, рекол Финчер, пишува „Мувивеб“.

Фасбендер во тој период направи кратка пауза од актерството за да се посвети на семејството и автомобилските трки. Финчер му го испратил сценариото за филмот и кратка порака, на што актерот одговорил неколку часа подоцна, прифаќајќи ја улогата.

Филмот „Убиецот“ имаше премиера во одредени кина минатиот месец, а моментално е достапен на Нетфликс, каде што за неколку дена го зазема првото место на скалата на гледаност.

 

Ја убедил дека е Бред Пит и ја „олеснил“ за 170.000 евра: Шпанка вљубена до уши во лажниот холивудски актер

ФОТО | Бред Пит тврди дека ова се најзгодните фраери на светот: Две познати имиња го исполнуваат неговиот критериум за убавина

Бред Пит ѝ подарил на Џенифер Анистон вила за нејзиниот 50-ти роденден: Платил цело богатство за неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот