epa09319534 Brazil's Lucas Paqueta (L) celebrates with his teammates Neymar Jr. (C) and Richarlison (R) after scoring against Chile during the Copa America 2021 quarterfinals soccer match between Brazil and Chile at the Nilton Santos Olympic Stadium in Rio de Janeiro, Brazil, 02 July 2021. EPA-EFE/ANTONIO LACERDA
ВИДЕО: Бразил е првиот финалист на Копа Америка
Слободен печат
Пред
Репрезентацијата на Бразил се пласира во финалето на Копа Америка откако во првото полуфинале со 1:0 го совлада Перу. Стрелец на единствениот гол беше Лукас Пакета во 35 минута на асистенција на Нејмар.
Пакета кој во четвртфиналето против Чиле, влезе од клупата и го реши натпреварот, сега беше стартер и довербата во целост ја искористи. Во првото полувреме, „кариоките“ беа доминантни, а одличната игра ја крунисаа со гол во 35 минута.
Нејмар прими топка на страна, влезе во шеснаесетникот каде го пронајде Пакета на кого не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.
Во второто полувреме, Перу играше далеку подобро, успеа да го притисне Бразил, а единствената голема шанса ја имаше Лападула но неговиот шут го одбрани Едерсон.
Бразил во финалето на Копа Америка кое ќе се игра в сабота ќе сретне со подобриот од второто полуфинале во кое вечерва ќе се сретнат Аргентина и Колумбија.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со проба – се најдовме со еден од новите скопски бендови, „Персеида“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Почина легендарната Оливера Катарина, една од најголемите ѕвезди на југословенската сцена 2 ВИДЕО | Паднат е огромниот јарбол кај „Ист гејт мол“ …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Почина легендарната Оливера Катарина, една од најголемите ѕвезди на југословенската сцена 2 ВИДЕО | Паднат …