ВИДЕО | Брат Љубе му се обрати на Мијалков: Плови Саша…

„Ме радува фактот, што вистината секогаш излегува на виделина, затоа што, уште еднаш се докажа дека Обединети за Македонија не излезе од ВМРО, а излезе од ДПМНЕ.

Уште во 2011 година, апелирав дека банда криминална ги злоупотребува светите букви на ВМРО, се изнесуваат пари во други држави и се врши секаков криминал. Меѓу првите го кренавме гласот за слобода и правда.

Ми претставува огромно задоволство, што токму луѓето кои ги поддржуваа лошите политики на минатото раководство на ДПМНЕ, дали од неверување или изманипулирани од пропагандната машинерија на тогашниот режим, денес, се согласуваат со нашите тези и ставови.

Јас не сум човек што се сити на нечија несреќа, мене не ме исполнува никакво страдање. Можеби и затоа сме различни од нив и затоа се гордеам со тоа.

Љубе Бошкоски и нашата Обединети за Македонија секогаш ќе се бориме за закон и ред, а со тоа – доследно спроведување на законите.“, се вели во соопштението на Обединети на Македонија.

Ристовска побара затворски притвор за Мијалков: Има адреса во Прага и е добро ситуиран за да живее во бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот