ВИДЕО | Браќата на Јокиќ се потсмеваа на холивудската ѕвезда Џек Николсон

Фото: Screenshot

Тимот на Денвер е многу блиску до обезбедување пласман во големото финале од НБА лигата бидејќи води со 3:0 против Лејкерс и на Јокиќ и друштвото потребна им е само уште една победа.

На последниот натпревар во кој Денвер направи брејк беше забележана и ситуација во која браќата на Јокиќ, Страхиња и Немања се потсмеваа на актерската легенда Џек Николсон.

Додека славниот холивудски актер ја напушташе салата тие му испратија по некоја пцовка и му порачаа „се гледаме следната година“.

Четвртиот натпревар помеѓу Денвер и Лејкерс на програмата е во ноќта која следи од 02:30 часот и ако Денвер победи веќе ќе може да слави финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот