ВИДЕО | Бостон загуби од Портланд, Браун го израмни рекордот на Лери Бирд
Кошаркарите на Портланд го победија Бостон со резултат 114:108 (31:30, 24:33, 31:22, 28:23) во НБА лигата. По четири триумфи по ред, победничката серија на Бостон беше прекината од Портланд, а воедно ја прекина и сопствената серија од три порази.
Препорачано
За време на возбудливиот и прилично изедначен натпревар, тимовите го заменија водството 11 пати, но ниту еден тим немаше водство поголемо од 10 поени.
Селтикс водеа со 63:55 на полувремето, но Портланд ја доби третата четвртина во своја корист со 31:22, а потоа во одлучувачките 12 минути дојдоа до триумфот.
И покрај поразот, натпреварот против Портланд ќе биде запаметен по Џејлен Браун, кој постигна 37 поени, изедначувајќи го рекордот на клубот по број на последователни натпревари со 30 или повеќе поени. Вкупно девет мечеви во низа, подвиг што го постигна само легендарниот Лери Бирд во историјата на Селтикс.
Шејдон Шарп го предводеше Портланд со 26 поени, пет скока и една асистенција. Дени Авдија имаше дабл-дабл со 24 поени и 10 асистенции.
НБА лига, резултати:
Портланд – Бостон 114:108
Вашингтон – Мемфис 116:112
ЛА Клиперс – Детроит 112:99
ЛА Лејкерс – Сакраменто 125:101
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
49мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


