Никола Јокиќ/Denver Nuggets

ВИДЕО: Бостон немаше никакви шанси, Јокиќ со уште еден дабл-дабл го водеше Денвер до победа

Минатата ноќ беа одиграни шест натпревари во НБА лигата, а најголемо внимание привлекуваше дуелот помеѓу Денвер и Бостон кој заврши со победа на домаќините од 103-84.

До новиот триумф Нагетси и во овој натпревар ги предводеше српскиот ас Никола Јокиќ, кој и оствари двоцифрен учинок во две категории. За 33 минути на паркетот постигна 30 поени, додаде 12 скока и шест асистенции.

Кај Бостон, најрасположен беше Џејлен Браун со 23 поени и 11 скока, но неговиот придонес не беше доволен за порамноправна битка.

Убедлив настап пред својата публика прикажа и Хјустон рокетс, кој го декласираше Сакраменто кингс со 128-97.

Ноќта донесе и неколку неизесни натпревари: Милвоки бакс минимално славеа против Кливленд Кавалирс со 118-116, додека Детроит пистонс приредија изненадување совладувајќи ја Оклахома со 124-116.

Кога станува збор за гостински победи, Сан Антонио спарс во неизвесна завршница беа поуспешни од Торонто рапторс со 110-107. Во последниот натпревар од вечерта, Голден Стејт рутински славеа на гости кај Мемфис со 133-112.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот