Screenshot

ВИДЕО | Боксерот кој стана хит откри како останал без коса: Ставив крема за депилација, место шампон

Американскиот боксер Џарел Милер стана вистински хит на социјалните мрежи откако за време на мечот остана без периката на главата, а по борбата на комичен начин објасни како дошло до необичниот момент.

Милер со тесна победа го совлада Кингсли Ајбе во „Медисон Сквер Гарден“, но дуелот ќе остане запаметен пред сè по сцената од втората рунда. За време на една жестока размена на удари, Ајбе погоди силен аперкат, по што периката на Милер буквално му падна од главата.

И покрај необичната сцена, Милер успеа да ја приведе борбата до крај и главно благодарение на серија кратки удари кои не му нанесоа поголема штета на противникот, славеше со поделена одлука на судиите.

Сепак, најинтересен дел од приказната дојде по мечот. Милер откри дека два дена пред борбата, по грешка, користел крема за депилација наместо шампон.

„Отидов кај мајка ми и на масата имаше неколку шишиња. Мислев дека е шампон и си ја измив косата, но всушност беше крема за депилација. Така останав без коса два дена пред борбата. Му се јавив на менаџерот и му реков да ми најде една од тие перики. Брзо ја ставив, јас сум комичар и сакам да се шегувам на своја сметка“, изјави Милер.

За 35-годишниот боксер ова беше прв настап по тешкиот реми со Енди Руиз Џуниор во август 2024 година. Милер сега има скор од 26 победи, еден пораз и два нерешени меча, од кои 22 завршиле со нокаут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот