ВИДЕО | Богоевски: ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира цела држава затоа што не и се допаѓаат резултатите од изборите, штетата е врз граѓаните

Павле Богоевски/Фото: Слободен печат

Павле Богоевски, поранешен пратеник и граѓански активист ја коментираше стратегија на активен бојкот на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која најави и нови мерки за блокада на институциите.

– ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира Северна Македонија уште од 2016-та година кога не ги признаа резултатите и не дозволи формирање на парламентарно мнозинство со месеци, па знаеме како заврши тоа. Овој активен и официјален бојкот е само признавање на тоа што го прават со години претходно, затоа што Собранието беше блокирано долго време и пред ВМРО-ДПМНЕ да најави дека оди во бојкот, изјави во Утрински брифинг Павле Богоевски, граѓански активист и поранешен пратеник.

Денеска се очекува Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница да анализира досегашните резултати од четиридневната блокади и ќе ги дискутира наредните чекори од бојкотот.

– Не знам што ќе биде вечерва, претпоставувам дека ќе си се чукаат во рамо и ќе си се фалат колку успешно успеале да ја блокираат државата и најзначајните институции во неа и тоа во најголемата криза која што е запамтена во изминатиот пола век. И не очекувам ништо повеќе тоа, додава Богоевски.

Според него разликата е во тоа што едно е да не се признава институција, а сосема друго е да се блокира цела држава затоа што не ви се допаѓаат резултатите од изборите.

– ВМРО-ДПМНЕ ја блокира цела држава заради тоа што не и се допаѓаат резултатите од изборите, а сето тоа оди на штета на граѓаните, смета Богоевски.

Тој ги анализираше и резултатите од последата анкета на ИПСОС која покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има речиси двојно поголем рејтинг како и барањето на најголемата опозициска партија за предвремени парламентарни избори.

– Крајно време е партиите да се разбудат и да сфатат дека сами, ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ не можат да освојат или да опстојат на властПолитичката стапица во 21 век е популизмот и политичкиот екстремизам. Така ВМРО-ДПМНЕ добија локални избори. Да не ме сфатите пограшно, имаше и катастрофални резултати кај дел од градоначалниците на СДСМ, не можеме да го негираме тоа и заслужено беа променети, но барем во Скопје не беше таков случајот. Најодговорно го гарантирам тоа. Предизвикот на 21 век е граѓанска и политичка едукација на луѓето, заклучува Богоевски.

Целиот разговор погледнeте го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот