ВИДЕО: „Биг Сем“ го изненади Клоп, само бод за Ливерпул!

Фото: EPA-EFE/Nick Potts/POOL

Денеска во 15 коло од Премиер лигата Ливерпул на својот „Енфилд“ одигра само 1:1 против екипата на Вест Бромвич предводена од менаџерот Сем Алардајс.

Домаќините дојдоа први во позитива со погодокот на Мане кој дојде до 90-от гол во натпреварувањето. Така, Сенегалецот кој постигна 69 голови со Ливерпул се израмни со екс членот на клубот, Луис Суарез.

Мане е третиот фудбалер од Африка кој ја достигна бројката од 90 погодоци Премиер лигата, Дидие Дрогба е прв на таа листа со 104, следува Емануел Адебајор (94).

Самите фудбалери на Јирген Клоп како да помислија дека овој резултат ќе биде доволен за триумф, но опуштеноста ја казнија нивните ривали кои му откинаа бод на шампионот преку Ајаји за израмнување.

Во финишот можеше Ливерпул да дојде до победата, но во 90 минута Фирмино пропушти одлична шанса, но голманот на гостите спречи реализација.

„Црвените“ и натаму се на првата позиција со 32 бодови, додека Вест Бромвич останува во опасната зона за испаѓање, на претпоследното 19 место со осум бодови. Во меѓувреме се одигра уште еден меч, Вест хем на домашен терен ремизираше 2:2 против Брајтон.

ВИДЕО: Лидс им се врати на победите, цел меч за Алиоски!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот