ВИДЕО | Библиски феномен на позната плажа: Морничава снимка од наезда на огромни инскети ги шокираше туристите
Голем број луѓе на познатата американска плажа Мисквамикат во градот Вестерли, Род Ајленд, останаа изненадени од библиската сцена, пишува „Уса Тудеј“.
Препорачано
Всушност, видео снимки покажуваат рој вилински коњчиња како застрашувачки облак, кој се спушта врз луѓето кои уживаат во плажата Мисквамикат.
Во сцена која може да се опише само како апокалиптична, се слушаат и некои од посетителите како панично викаат.
Millions of dragonflies swarm over Misquamicut Beach in Rhode Island.
— Oli London (@OliLondonTV) July 29, 2024
„Уживав во убав ден на плажа додека не ја доживеавме апокалипсата на вилинско коњче“, изјавил сведокот Стефани Мартин за локалните медиуми.
Некои посетители на плажата се засолниле или трчале кон своите автомобили. Други стоеле и се смееле на неверојатната глетка. Некои деца врескале, а други удирале со лопати и кофички со вода во летечките бубачки.
Друг сведок, Ричард Зонтаг, го нарече инцидентот „библиска инвазија“.
Роеви од вилински коњчиња имаат тенденција да се формираат кога инсектите се размножуваат во летните месеци или откако помалите инсекти со кои се хранат ќе бидат фрлени во воздух поради временските нарушувања или човечките активности.


