Фото: Real Madrid C.F/X

ВИДЕО | Белингам го реши дербито на „Бернабеу“, Челси, Баерн и Ливерпул убедливи

Реал Мадрид продолжи со перфектниот биланс во Лигата на шампионите, откако во дерби-средбата од колото го совлада Јувентус со минимални 1-0. „Кралевите“ имаа поголема контрола и беа подобар противник во најголем дел од натпреварот, но и „старата дама“ имаше свои моменти кои не ги искористи.

Влаховиќ и Опедна не успеаја да ги реализираат најголемите шанси за Јувентус, кој по третпат во групната фаза остана без триумф. Одлучувачкиот момент се случи во 58. минута, кога Белингам ја смести топката во мрежата по ударот на Винисиус што претходно заврши во стативата.

Со овој триумф, Реал стигна до третата победа по ред, додека Јувентус остана на двата бода од првите две средби во кои ремизираше.

На останатите натпревари, Челси беше немилосрден и со високи 5-1 го декласираше Ајакс, ист резултат забележа и Ливерпул на гостувањето кај Ајнтрахт. Баерн Минхен без проблеми го совлада Клуб Бриж со 4-0. Натпреварите меѓу Аталанта и Славија Прага, како и Монако и Тотнем, завршија без голови. додека Спортинг стигна до важна победа од 2-1 против Марсеј.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот