ВИДЕО | Белата куќа објави ново видео за нападите во Иран: „Непоразени“
Белата куќа на својот официјален профил на платформата Икс објави анимирано видео кое прикажува удари врз цели во Иран, комбинирани со елементи од различни видеоигри. Видеото трае 52 секунди, а статусот што го објави Белата куќа гласи: НЕПОРАЗЕНИ.
Препорачано
UNDEFEATED. pic.twitter.com/Jt69bcag5y
— The White House (@WhiteHouse) March 12, 2026
Да потсетиме, претходно денеска Белата куќа објави уште едно слично видео. Видеото, со траење од околу 34 секунди, користи метафора со куглање: иранските функционери се прикажани како кегли, а американскиот удар како кугла со линии во боите на американското знаме што ги руши. На крајот се прикажуваат снимки од проектили. До видеото стои натписот „УДАР“.
STRIKE. 💥🦅 pic.twitter.com/XMzNNtlT63
— The White House (@WhiteHouse) March 12, 2026
Белата куќа во последните неколку недели објави повеќе вакви видеа кои комбинираат снимки од вистински удари врз ирански цели со елементи од филмови, видеоигри и други медиуми, во рамки на операцијата „Епски бес“, чија цел, според официјалните изјави, е уништување на иранскиот ракетен арсенал, морнарица и спречување на развој на нуклеарно оружје.
Иран: Доколку САД ја нападнат нашата електрична мрежа, целиот регион ќе потоне во темнина


