Фото: EPA/STRINGER

ВИДЕО | Барселона го совлада Реал и го одбрани Суперкупот на Шпанија

Фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид денеска со 3:2 во финалето на шпанскиот Суперкуп во натпревар одигран во Џеда, Саудиска Арабија.

Првиот гол беше постигнат во 36 минута кога Рафиња ја доведе Барселона во водство. Винисиус спектакуларно израмни за Кралскиот клуб во втората минута од судиското продолжение, откако претходно се ослободи од неколку играчи на Барса, а само две минути подоцна Левандовски му донесе ново водство на каталонскиот тим. Сепак, резултатот остана нерешен на полувремето откако Гонзало Гарсија постигна гол за Реал во шестата минута од судиското продолжение.

Рафиња ѝ донесе ново водство на Барселона во 73 минута, откако неговиот удар од работ на шеснаесетникот беше одбиен од Асенсио и го измами Куртоа.

Тоа се покажа како одлучувачки гол, иако Реал Мадрид имаше предност на теренот во последните минути откако Френки де Јонг беше исклучен.

Со својот триумф во големото дерби, тимот на Ханси Флик, како и минатата сезона, повторно го освои шпанскиот Суперкуп, по 16 пат во историјата на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот