Фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

ВИДЕО: Барса пред елиминација, Ливерпул ги казни грешките на Лајпциг!

Вечерва продолжија возбудувањата во Лигата на шампионите со првите натпревари во осминафиналето, Барселона на „Камп Ноу“ загуби од ПСЖ со 1:4, додека Ливерпул на неутралниот терен во Будимпешта со 0:2 го совлада Лајпциг.

Каталонците се пред елиминација иако следува и реванш на 10 март во Париз, а добро стартуваше составот на Куман со водството во 27 минута кога од пенал прецизен беше Меси.

Не траеше многу радоста на домаќините бидејќи Мбапе само пет минути подоцна успеа да израмни после асистенцијата на Верати.

Во вториот дел париските „светци“ го комплетираа целосниот пресврт, најпрвин Мбапе уште еднаш покажа зошто моментно е еден од најдобрите фудбалери во светот, во 65 минута по вторпат се запиша во листата на стрелците.

Во 70 минута Паредес изведе еден прекрасен слободен удар, а највисоко скокна Кин кој ја затресе мрежата на тер Штеген. Конечниот епилог беше поставен во 86 минута кога Мбапе го комплетираше хет-трикот.

Поради ситуацијата со ковид-19 дуелот помеѓу Лајпциг и Ливерпул се играше во унгарскиот главен град, а „црвените“ предводени од Јирген Клоп и покрај лошите резултати во Премиер лигата, продолжуваат успешно во елитното натпреварување каде што се блиску до пласман во четвртфиналето.

Победата беше обезбедена во второто полувреме, поточно за период од пет минути стрелаа Салах (53`) и Мане (58`) кои ги казнија грешките на играчите на Лајпциг. Возвратната пресметка на „Енфилд“ ќе се игра на 10 март 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот