ВИДЕО: Барса остана без трофеј, Меси го доби првиот црвен картон!

Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Фудбалерите на Атлетик Билбао го освоија Суперкупот на Шпанија со победата во финалето против Барселона со 3:2 после продолженијата.

А мечот одигран во Севиља ќе остане запаметен по првиот црвен картон кој го доби Лионел Меси во каталонскиот дрес.

Во 120 минута од второто продолжение најпрвин Аргентинецот беше оттурнат Асиер Вилјалибре, членот на Барса веднаш возврати со удар од зад грб, а тоа од непосредна близина го забележа главниот судија. Во својата кариера Меси има уште два црвени картони, но со репрезентацијата во 2005 и 2019 година.

Антоан Гризман двапати донесе предност за својата екипа, но израмнуваа ривалите преку Оскар де Маркос и Виљалибре. Херој на Атлетик Билбао беше Ињаки Вилијамс кој стрелаше на стартот од првото продолжение (93`) после асистенцијата на Икер Муниаин.

Атлетик Билбао го освои својот трет трофеј во ова натпреварување, претходните два ги имаше во 1984 и 2015 година, додека Барселона која и натаму е на врвот со најмногу титули, остана на 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот