Фото: EPA/Alejandro Garcia

ВИДЕО | Барса беше на чекор до чудо, Атлетико ќе игра во финалето на Копа дел Реј

Атлетико Мадрид е првиот финалист на Кралскиот куп откако го елиминираа бранителот на титулата, Барселона, во два полуфинални натпревари.

Каталонците го добија реваншот со 3:0, но сепак тоа не беше доволно за да се пласираат во финалето. Всушност, Барселона имаше „невозможна мисија“, мораше да надомести негатива од четири гола, откако Атлетико го доби првиот полуфинален меч на својот Метрополитано во Мадрид со 4:0.

Играчите на Барса успеаја да поведат во 29 минута, Јамал ​​помина по левата страна и му ја додаде топката на Марко Бернал, кој немаше потешкотии да ја смести топката во мрежата – 1:0.

Предноста беше зголемена во првото полувреме од пенал. Педри беше соборен во шеснаесетникот, а Рафиња беше сигурен од белата точка – 2:0.

Каталонците со сите сили нападнаа и во второто полувреме, а голманот на гостите, Аргентинецот Хуан Мусо (кој го замени стандардниот играч Јан Облак), реагираше одлично во неколку наврати, само за гостите да капитулираат по трет пат во 72 минута.

Жоао Кансело имаше одличен центаршут, а Марк Бернал реагираше вешто и го постигна својот втор гол на натпреварот за – 3:0. И натаму имаше доволно време да се обиде Барселона да постигне и четврти гол на преполниот Камп Ноу, но немаше нови голови во мрежата на гостите од Мадрид. На крајот, недоволно за вкупна победа.

Атлетико ќе игра во финалето против подобриот тим од вториот полуфинален дуел помеѓу баскиските ривали, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад. Во првиот натпревар, Сосиедад победи со 1:0 како гостин.

Атлетико во финалето ќе има шанса да дојде до 11 пехар во ова натпреварување кое последен пат го освои во сезоната 2012/13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот