Фото: EPA/ROBERT GHEMENT

ВИДЕО | Ажгалиев на неверојатен начин до победа во трката на 500 метри на ЗОИ

Натпреварувачот од Казахстан, Абзал Ажгалиев (33) стигна до победата во четвртфиналната трка на 500 метри на Зимските олимписки игри на неверојатен начин.

Речиси целата трка, Ажгалиев беше на последното место, но потоа се случи чудо непосредно пред целта.

Откако едниот натпреварувач се лизна на кривина и дојде до контакт со другиот, пред целта останаа само Ажгалиев и Италијанецот Пјетро Сигел.

Италијанецот, кој водеше кога неговите ривали се судрија, избегна пад, но сепак се сврте бидејќи и неговата лизгалка беше дел од инцидентот.

Успеа да остане на нозе и да влезе во целта движејќи се наназад, но Ажгалиев на крајот успеа да победи за неколку сантиметри пред ривалот.

Најинтересните моменти можете да ги погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот