ВИДЕО | Автомобил влета во толпа во Манхајм, има жртви
Властите во Германија истражуваат сообраќајна несреќа во неделата во градот Манхајм во која има и жртви.
Препорачано
Terror attack in Manheim, Germany
Twice a week in Europe now ?pic.twitter.com/fdGaKwhng1
— Kreately.in (@KreatelyMedia) March 3, 2025
Новинар на германската новинска агенција објави дека по инцидентот најмалку едно лице било покриено со церада.
Весникот Билд објави дека 25 лица се повредени, од кои 15 се во тешка состојба. Полицијата се уште не ги разјасни мотивите на возачот на автомобилот кој влетал во толпата.
Германскиот весник исто така пренесува дека возачот на возилото е уапсен, не наведувајќи повеќе детали.
Potential Islamic terrorist attack in Mannheim, Germany.
Car plows into a crowd of people at high speed. Multiple casualties.
Can Europe go a week without any terror attack or is this the new norm now?
— Dr. Maalouf (@realMaalouf) March 3, 2025
Локалната веб-страница manheim24 опишува како црн теренец возел со голема брзина од плоштадот кон фонтана каде стоеле неколку луѓе. На овој простор, како што информираат од ФАЗ, имало карневалски базар.
Се потсетува дека во декември шест лица ги загубија животите кога автомобил управуван од 50-годишен маж удри во нив на божиќниот пазар во Магдебург, додека во средината на февруари млада мајка и нејзиното дете загинаа кога беа прегазени од автомобил во Минхен.
Забележано е дека Манхајм се наоѓа на северот на покраината Баден-Виртемберг и е негов втор по големина град со 32.000 жители.


