ВИДЕО: Авион на Крим излета од пистата и се запали

Авион се запали на Крим/ Фото Телеграм принтскрин

Авион на аеродромот Белбек во Севастопол, Крим излетал од пистата и се запалил, објави рускиот гувернер на Крим, Михаил Развозаев на својот канал Телеграм.

Вонредна ситуација на аеродромот Белбек. Според спасувачите, при слетувањето авионот излетал од пистата и се запалил. Сега на лице место работат противпожарните бригади“, напиша Развозајев.

На социјалните мрежи кружат снимки кои наводно се направени во реонот на аеродромот Белбек. Според сликите, од местото на несреќата се издигнуваат облаци црн чад. Рускиот гувернер на Севастопол ги повика граѓаните да останат смирени, пренесува ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот