Фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

ВИДЕО | Атлетико ја надигра Севиља, 200 гола за Гризман во Ла Лига

Денеска фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен убедливо со 3:0 го совладаа тимот на Севиља во 11 коло од најквалитетното шпанско првенство.

Гол серијата на „јорганџиите“ ја очна Алварез од пенал во 64 минута, а во 77 минута предноста ја зголеми Алмада.

Гризман го постави конечниот епилог во 90 минута по асистенцијата на Алмада.

Тоа беше 200 гол за искусниот француски напаѓач Антоан Гризман во Ла Лига, вклучувајќи ги и настапите за Барселона и Реал Сосиедад. Воедно Гризман неодамна прослави 200 гола за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања.

На табелата Атлетико после третиот триумф во низа е на четвртото место со 22 бодови, пет помалку од водечкиот Реал Мадрид кој има меч помалку.

Севиља која пак го претрпе третиот пораз во низа е на 11 место со 13 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот