ВИДЕО: Арсеновски со гол во последната секунда му донесе триумф на Тинекс Пролет

Славјето на РК Тинекс Пролет по победата над РК Мулти Есенс/фото: rkprolet.mk

Филип Арсеновски е херојот на Тинекс Пролет на гостувањето против Мулти Есенс откако донесе победа од минимални 31-32, за победничко деби на клупата на новиот тренер Александар Јовиќ.

Арсеновски буквално во последната секунда обезбеди важен триумф и уште еден чекор напред кон плејофот во македонската ракометна Супер лига.

Играчите на Мулти Есенс погодија со цепелин за 31:31, но нивната беше празна, па Арсеновски со погодок од половина терен во последната секунда ги израдува своите тимски колеги на Тинекс Пролет.

Арсеновски беше најефикасен кај победникот со осум гола, шест постигна Мајнов. На спротивната страна Димовски седумпати се запиша во листата на стрелците.

На табелата во групата „Б“ Тинекс Пролет е на четвртата позиција со 18 бодови, додека Мулти Есенс е на седмата позиција со шест.

Во групата „А“ се одигра еден меч, Струга славеше против Скопје 2020 со 29:38. Струга е на четвртата позиција во генералниот пласман со 18 бодови, додека Скопје 2020 е претпоследен со два бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот