ВИДЕО: Арсенал ова го чекаше 17 години, Смит Роу ја искористи грешката на Жоржињо!
Арсенал после скоро 10 години дочека победа на „Стемфорд Бриџ“, вечерва во лондонското дерби во 36 коло од Премиер лигата славеше кај Челси со минимални 0:1.
Препорачано
Стрелец на единствениот гол беше Емил Смит Роу во 16 минута од средбата и така за првпат од сезоната 2003/2004 Арсенал двапати излегува како победник во меѓусебните дуели против лондонските „сини“.
Во еден од своите напади Челси двапати ја погоди пречката, најпрвин Курт Зума, а потоа и Оливие Жиру.
Претходно првата шанса домаќините ја имаа преку Мејсон Маунт, а голот на Кристијан Пулишиќ беше поништен поради офсајд.
Челси остана на 64 бодови и ја држа четвртата позиција која води во Лигата на шампионите, додека Арсенал со 55 бодови е на осмото место и во последните две кола му претстои борба за пласман во Лига Европа со Вест Хем (58), Ливерпул (57), Тотенхем (56) и Евертон (55), со тоа што двата тима од Ливерпул имаат два натпревари помалку од Арсенал.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
8час
-
10час
-
11час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


