Фото: EPA/DAVID CLIFF

ВИДЕО | Арсенал на чекор од титулата, гол на Хаверц за триумф над Барнли

Фудбалерите на Арсенал вечерва го совладаа Барнли со 1:0 на домашен терен во 37 коло од Премиер лигата.

Играчите на Микел Артета го контролираа натпреварот, а Барнли немаше ниту еден удар кон голот на Давид Раја ниту во првото ниту во второто полувреме.

Лондонскиот тим поведе во 37 минута кога Каи Хаверц ја искористи асистенцијата на Букајо Сака и погоди за 1:0. Голот можете да го погледнете ТУКА

До крајот немаше закани кон голот на Арсенал, а „Топџиите“ имаа неколку шанси мирно да го завршат мечот и да го зголемат своето водство.

Арсенал е прв на табелата во Премиер лигата со 82 бода од натпревари, втор е Манчестер сити со 77 бодови од 36 мечеви.

Следниот дуел играчите на Пеп Гвардиола ќе го имаат во вторник на гостувањето кај Борнмут.

Доколку Сити ги добие двата преостанати натпревари, Арсенал ќе треба да победи во последното коло за да ја освои титулата, бидејќи во таков случај Сити ќе има подобра гол-разлика.

Барнли е на 19 место во Премиер лигата со 21 бод и ќе игра во Чемпионшип следната сезона.

Својот последен меч оваа сезона, Арсенал ќе го има на гости кај Кристал палас на 24 мај, а истиот ден Сити ќе ја пречека Астон Вила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот