ВИДЕО: Арменд Алими е нов фудбалер на Работнички

арменд алими
Арменд Алими ќе го носи дресот на „романтичарите“/Фото: facebook.com/fcrabotnicki

Денеска од фудбалскиот прволигашки клуб Работнички објавија дека нивни нов играч е 34-годишниот играч од средниот ред, Арменд Алими.

Во есенскиот дел ги бранеше боите на Шкендија во чии бои запиша вкупно девет настапи во македонскиот шампионат.

Пред да се пресели во Тетово, играше во кариерата за Башкими, Милано Куманово, Истра 1961, Оребро, Неа Саламис и Ермис Арадипу.

Вкупно 14 пати настапуваше за сениорската репрезентација на Македонија.

„Романтичарите“ после 18 одиграни кола во првенството се наоѓаат на осмото место со 22 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот