ВИДЕО | Антониа Гиговска и Благица Павловска ја оживеаја „Чукај, чукај“, свој дел од песната има и Џокер
Македонската поп пејачка Антониа Гиговска сними дует со легендата на народната музика Благица Павловска, поточно нова верзија на култната песна „Чукај, чукај“, која првично беше објавена во 1998 година.
Препорачано
Станува збор за модерна преработка што ги спојува поп и фолк елементите, а видеоспотот денеска премиерно беше објавен на Јутјуб. Во проектот учествува и сопругот на Гиговска, Роберт Спасенцовски – Џокер, кој има свој дел во песната.
„Гушкајте се, простувајте и смејте се повеќе. Додека чука срцето, имаме сè. ‘Чукај, Čukaj’ е за сите вас. Пуштете ја гласно и живејте со срце. Еднаш се живее, нека вреди“, напиша Гиговска на социјалните мрежи.
Музиката ја потпишуваат Дарко Димитров и Медо Чун, додека аранжманот е на Димитров и Дамир Имери. Продукцијата е на Дарко Димитров, а текстот го создадоа Димитров, Роберт Спасенцовски и Благица Павловска.
Зад визуелниот дел стои продукцијата „Лимитед Рулс“, со режија во нивна реализација, додека директор на фотографија е Кристијан Теодоров. За стајлингот се погрижи Викторија Бурсак, креациите се на Дејан Сидор, а за изгледот на пејачките беа задолжени Даниел Николовски и „Ла хер студио“.
ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Антониа Гиговска: Ние жените сме силни меѓутоа ни треба машката поддршка


