ВИДЕО АНКЕТА | Го изгубивме и последното зеленило што остана во Центар, има ли некој да ја запре урбаната мафија?!

ФОТОScreenshot

Општина Центар во сиво ќе ја претвори и последната зелена површина, откако во паркот кај хотел „Јадран“ на само неколку метри од порта Македонија и Плоштадот почнува да се гради нова зграда.

Граѓаните се видно револтирани, особено откако инвеститорот решил со импровизирани барикади да одзеде дел од јавниот простор за лични цели, па во целост им го узурпирал паркингот, но и просторот на слободно движење.

– Ни дојде пред врата да ни граде, го изгубивме и последното зеленило што остана во Центар, има ли некој да ги запре овие инвеститори … ?!, изјави еден од анкетираните.

Центарци револтирани пред камерите на Слободен печат не ги криеа емоциите за градежните активности во паркчето.

– Ова се бандити, треба сите да излеземе и да кажеме доста е!, потенцираше уште еден незадоволен граѓанин.

„Слободен печат“ побара одговор од Општина Центар кој е потписник на одобрението за градење во строгиот центар на градот. Од општината кратко не информираа дека дозволата за градење е издадена за време на владеење на предходниот градоначалник Саша Богдановиќ.

Во меѓувреме, екс-градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ за „Слободен печат“ истакна дека тој потпис за градење во паркчето кај хотел Јадран нема ставено при тоа истакнувајќи дека за време на неговиот мандат во општината на сила беше мораториумот за градење со што беа стопирани сите градежни активности во централното градско подрачје.

Саша Богдановиќ: Јас потпис за градење во паркчето кај хотел Јадран немам ставено, тоа е работа на актуелното раководство во Центар

Додека траат политичките препукувања, граѓаните остануваат и понатаму жртви на урбаната мафија во градот.

Целосната анкета можете да ја проследите на следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот