Саша Богдановиќ: Јас потпис за градење во паркчето кај хотел Јадран немам ставено, тоа е работа на актуелното раководство во Центар

Јас потпис за градење во паркчето кај хотел Јадран немам ставено на одобрението за градба. Кога падна мораториумот за градење во општина Центар односно кога Уставниот суд го замрзна тој процес, сите потенцијални инвеститори електронски започнаа да си поднесуваат барања за градење во Центар. Од тука можам слободно да кажам дека јас немам никаква поврзаност со овој случај. Повторувам доколку сегашната администрација во Општина Центар говори спротивно од ова што сега јас го кажувам нека ја објават копијата од одобрението за градење во паркчето, па така јавноста ќе увиди кој е потписник на документот.

Ова за „Слободен печат“ го истакна поранешниот градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ коментирајќи ги последните градежни активности во паркот кај хотел „Јадран“ на само неколку метри од порта Македонија и Плоштадот.

Поранешниот градоначалнк на Центар Богдановиќ на неколку пати истакна дека тој во времето на неговото владеење со општината лично се заложувал за стопирање на сите градежни активности во централното градско подрачје за што како што вели тој по негова иницијатива беше всушност и донесен мораториумот за градење во Центар.

ФОТО+ВИДЕО | Последното зелено паркче кај Хотел Јадран се бетонизира, наскоро никнува нова петкатница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот