ВИДЕО „Анима мунди”: Луѓе со пушки убија десетици маалски и домашни миленици низ улиците на Струга

(Фото: Анима мунди)

Здружението за заштита на животните „Анима мунди” информира дека утрово жител на Струга со пушка убил десетици маалски и домашни миленици.

Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денеска жителите на градот Струга. Личност што не може да се нарече човек, охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава, одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка, тврдат од „Анима мунди”.

Од здружението реагираат зошто комуналната служба ги собрала убиени животни.

Една служба што навидум личи на комунална, ги собира лешовите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова грозоморно убиство, посочуваат од „Анима мунди”.

Тие го прашуваат Министерство за внатрешни работи дали овој случај ќе ја добие правдата.

Апелираме до надлежните институции веднаш да ги преземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за ова масовно убиство, подвлекуваат од Здружението за заштита на животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот