ВИДЕО | Ангеловски и Радивојевиќ едногласни: Еурофарм Пелистер сака подобра сезона во Лигата на шампионите

Фото: Screenshot

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски го најави натпреварот на неговата екипа во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Битолскиот состав втора година во низа ќе настапува во елитното натпреварување каде што ќе се обиде да го поправи впечатокот од минатата кога не освои ниту еден бод.

„Ќе гостуваме кај еден од најсериозните кандидати за место на фајнл-фор турнирот, а таму веќе нема фаворити. ПСЖ е фаворит за освојување на едно од првите две места во нашата група. Го имаат еден од најдобрите тренери во светот, Раул Гонзалес, структурата на играчите остана иста. Разликата ја прави Лук Стеинс со нивната игра во транзиција и нивниот напад преку Шипжак кој е еден од најдобрите пивоти во светот. Наша обврска е да се претставиме во најдобро светло и така да ја гледаме нашата иднина во Лигата на шампионите“, изјави Ангеловски.

На подобар настап се надева и ракометарот Богдан Радивојевиќ.

„Се радуваме што и оваа сезона ќе играме со најдобрите екипи во светот. Се надеваме на подобра сезона од претходната, верувам ќе освоивме бодови, посебно на домашен терен. Кога во прашање е гостувањето во Париз, сите знаеме за каква екипа се работи, но не одиме таму да изгубиме, ќе одиме да се бориме и ќе видиме што ќе се случи. Минатата сезона во многу натпревари игравме добро, но на крајот бевме поразени. Се надевам сезонава ќе освоиме некој бод, па може да играме и полошо. Се спремаме, тренираме и се надеваме на најдоброто“, изјави Радивојевиќ.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра утре во терминот од 20:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот