ВИДЕО: Американците го елиминираа Иран, Пулишиќ закажа осминафинале против Холандија

фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Комплетирано е последното трето коло и во групата „Б“ на Светското првенство во Катар, репрезентацијата на Англија не дозволи никакво изненадување и со 3:0 го совлада Велс.

Головите беа постигнати во второто полувреме, Рашфорд двапати се запиша во листата на стрелците во 50 и 68 минута, а еден погодок беше дело на Фоден во 52 минута.

Англичаните го освоија првото место во групата со седум бодови, пред селекцијата на САД која во директната пресметка за втората позиција во групата го совлада Иран со 1:0.

Голот за Американците го постигна играчот на Челси, Пулишиќ во 38 минута, по асистенцијата на Дест.

Познати се и првите осминафинални двојки на Мундијалот, фудбалерите на САД како второпласирани во групата „Б“ на 3 декември ќе играат против првопласираната од групата „А“, Холандија.

Англичаните како првопласирани од групата „Б“ на 4 декември ќе ги одмерат силите против второпласираната од групата „А“, Сенегал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот