ВИДЕО | Алкараз ги собра симпатиите во Мелбурн: Побара да биде поништена казна на неговиот противник
Карлос Алкараз рутински го елиминираше Алекс де Минор со максимални 3-0 во сетови и обезбеди место во полуфиналето на Австралија опен, а по завршувањето на мечот во фокусот се најде и еден несекојдневен потег на шпанскиот тенисер.
Препорачано
По освојувањето на 11. гем во првиот сет и водството од 6-5, Алкараз му го препушти сервисот на Де Минор. Според правилата, тенисерот кој сервира мора да го започне поенот во рок од 25 секунди од моментот кога ќе го добие топчето, но поради подолгата пауза меѓу гемовите дојде до кратко недоразбирање.
Де Минор ја зема топката, а непосредно пред истекот на времето Алкараз со гестикулација му сигнализираше да почека. И покрај тоа, по поминувањето на 25-те секунди, главната судијка Ева Асдераки го казни австралискиот тенисер, што предизвика реакции и негодување од трибините.
Алкараз веднаш интервенираше, ѝ пријде на судијката и побара санкцијата да биде поништена, објаснувајќи дека токму тој бил причината за надминувањето на дозволеното време. По неговата интервенција, Асдераки ја повлече казната, а шпанскиот ас со овој фер-плеј потег ги придоби симпатиите на публиката.
Алкараз без изгубен сет го доби Де Минор и закажа полуфинале со Зверев


