ВИДЕО | „Ако не го предадете телефонот, ќе извадат оружје“ – Лавров исфрли новинар од салата за прес-конференции

Прес-конференцијата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Индија накратко била прекината откако еден новинар вклучил гласен превод на телефон или на уред за симултан превод, додека Лавров веќе зборувал, пренесува агенцијата РИА Новости.

Рускиот министер прво замолкнал неколку секунди, а потоа на англиски јазик му се обратил на новинарот.

„Можете ли да излезете? Кој ги произведува тие звуци – вие или вашиот телефон?“, прашал Лавров.

Кога звукот повторно се слушнал, Лавров уште еднаш побарал новинарот да ја напушти просторијата и му ставил до знаење дека „не се шегува“.

„Момци, изведете го одовде“, им рекол Лавров на припадниците на обезбедувањето.

Потоа му се обратил и директно на новинарот.

„Ако не го предадете телефонот, тие ќе извадат оружје“, рекол Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи е во тридневна посета на Њу Делхи, каде учествуваше на настани во рамки на БРИКС и одржа средби со министрите за надворешни работи на Индија, Тајланд, Египет, Иран и Малезија.

 

Лавров се закани дека Русија ќе одговори безмилосно ако некој ја попречи парадата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот