ВИДЕО: Ајнтрахт ја „нокаутираше“ Барса, фантастичен гол на Боре

Каталонскиот гигант го заврши настапот во Лига Европа/Барселона, Шпанија/14 април 2022/Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Вечерва се случи големо изненадување во четвртфиналната фаза од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт сред „Камп Ноу“ успеа да ја елиминира Барселона.

На првиот меч во Германија резултатот беше 1:1, и според многумина реваншот во Шпанија требаше да биде само уште една доминација на Барса, како што го правеше досега во „Ла Лига“.

Но, играчите на Чави ги разочараа своите навивачи и на крајот загубија од бундеслигашот со 2:3.

Гостите уште во четвртата минута поведоа со голот на српскиот интернационалец Костиќ од пенач. Следуваше прекрасниот гол на Боре во 36 минута после асистенцијата на Костиќ, немоќен беше голманот тер Штеген.

Во 67 минута следуваше уште еден погодок на Германците, повторно на сцена стапи Костиќ за огромни 0:3. До крајот на мечот домаќините со сите сили тргнаа да обезбедат продолженија, успеаја само да ја ублажат елиминацијата со голот на Бускетс (90+1`) и Депај од пенал (90+10`).

Противник на Ајнтрафт во полуфиналето ќе биде Вест Хем кој со 0:3 на гости триумфираше над Лион, а во првиот дуел беше нерешено (1:1).

Лига Европа
Полуфинале, двојки –

Лајпциг – Ренџерс (28 април/5 мај 2022 год.)
Вест Хем – Ајнтрахт Франкфурт (28 април/5 мај 2022 год.)

ВИДЕО: Желбата на Јунајтед ја елиминираше Аталанта од Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот