ВИДЕО | Адам Марушиќ со гол во 92 минута за победа на Лацио
Црногорскиот репрезентативец Адам Марушиќ беше херој на Лацио во денешната победа од 2:1 над Сасуоло на „Олимпико“ во 28 коло од Серија А.
Препорачано
Десниот бек на фудбалскиот клуб од Рим постигна гол во 92 минута, кога со глава ја испрати топката во мрежата по центаршутот на Матео Канчелиери. Марушиќ ја искористи лошата реакција на голманот на гостите Муриќ, кој истрча во празно.
Ова е првиот гол на Марушиќ во првенството оваа сезона, а неговиот 16-ти во дресот на Лацио во сите натпреварувања.
Црногорскиот фудбалер беше прогласен и за играч на мечот.
Лацио поведе рано веќе во втората минута со голот на Даниеле Малдини, додека Арманд Лориенте израмни за Сасуоло во 35 минута.
По оваа победа, Лацио е на 10 позиција на табелата со 37 бода, еден повеќе од Сасуоло.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
9час
-
11час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


