Вице Заев за „Фокус“: Обвинувањата на Мицкоски се лага и креација на човек којшто е опседнат со мене

Обвинувањата на Христијан Мицкоски немаат врска со реалноста, станува збор за лага, измислица, креација во умот на човекот кој е опседнат со мене, изјави за Фокус Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини дека изнудил 250 000 евра од компанија од Битола која добила тендер за ископ на јаглен од РЕК Битола.

– Мицкоски очигледно мисли дека со тоа што ќе прави конструкции за мое оцрнување ќе му кажат дека е врвен политичар. Ако има комплекси некој човек, ако е опседнат со мене, не може тоа да биде мој проблем. Нема ништо вистина во ова што го зборува Мицкоски, затоа се крие зад брифинзи, се плаши од тужба. Да имаше бриферот Мицкоски некаков доказ ќе го приложеше, ама нема. И самиот вели барале средба, а не се случила, вели Вице Заев за Фокус.

Тој додава дека изнесеното од страна на Мицкоски за наводната постапка е својствена за времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога, како што истакнува, тој бил директор. Воедно, Заев ги повика надлежните институции целосно да го испитаат случајот, но истовремено го повика лидерот на ДПМНЕ да престане преку познаници да му упатува закани дека „живеел за да ми наштети“.

Опозицијата обвинува за корупција во РЕК Битола

Реакција на ЕСМ: Ги демантираме пишувањата за наводен скандал во РЕК Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот