Опозицијата обвинува за корупција во РЕК Битола

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска сподели информации и документи за наводен сомнеж за фалсификување на документи од страна на Лазе Велковски, поранешен полициски началник, и обвинителката Вилма Рускоска, како и за изнуда на пари од компанијата Рубиткон Битола, која била добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Пријавата до полицијата ја поднеле сопствениците на компанијата, од кои како што беше посочено директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски сакал да изнуди пари, а во пријавата се споменува и лице Вице Н., за кого постојат сомнежи дека е братот на премиерот Зоран Заев.

Документите од Бирото за јавна безбедност доставени во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што беа поделени на средбата Мицкоски кажа дека се добиени од свиркачи. Наводно според информациите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, Велковски го зел оригиналниот документ од Рускоска, и вратил фалсификуван документ во којшто недостасува делот каде што се споменува лицето Вице Н.

Поднесокот од БЈБ до ОЈО бил поднесен во февруари 2020, за време на техничката влада и, според тврдењата на Мицкоски, до денеска нема одговор што се случува со предметот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот