Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук поради „насилничка реторика“

Главниот извшен директор на Вибер, Џамел Агауа изјави дека Фејсбук продолжува да ја толкува својата улога на погрешен начин во современиот свет.

Една од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација во свеот, компанијата „Ракутен Вибер” соопшти дека ги прекинува сите деловни односи со Фејсбук.

– Злоупотреба на кориснички податоци и неможноста да се спротиставиме на насилната реторика на Фејсбук, ги преминаа сите мерки, поради што Вибер презема соодветни мерки, како на пример суспендирање на закупот на рекламен простор и отстранување на сите точки на контакт од неговата платформа за да заштити повеќе од милијарда од нејзините корисници, пишува во соопштението.

Главниот извшен директор на Вибер, Џамел Агауа изјави дека Фејсбук продолжува да ја толкува својата улога на погрешен начин во современиот свет.

–Компанијата што се карактеризира со несовесен став кон податоците на корисниците и недостаток на приватност во своите апликации, а сега и шокантен недостаток на неопходни мерки за заштита на јавноста од насилен говор што го загрозува општествениот поредок и мирот. Не дека ние сме толкувачи на вистината, но вистината е дека многу луѓе доживеале непријатности од неограниченото ширење на насилна содржина, а компаниите едноставно треба јасно да се спротивстават на овој феномен, истакна Агауа.

Активностите што ќе резултираат со отстранување на точките за контакт со Фејсбук од апликацијата Вибер, ќе бидат завршени до почетокот на јули 2020 година, додека закупот за рекламен простор на Фејсбук веднаш ќе биде отстранет, пишува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот