Вежбаме со Елена Мирческа: „Мост“ за стабилизирање на рбетот, колкот и колената

Доколку работата ви е со седење и немате многу движење во текот на денот и чувствувате болка во половината и нозете, а грбот ви е постојано подвиткан, тогаш „мостот” е идеална вежба за вас на дневна основа.

– Бенефитите од овие вежби се многубројни. Од естетски гледна точка доаѓа до оформување и заоблување на мускулите на задникот, отцртување на половината и мускулите на нозете, секако и до топење на вишокот масти. Од функционална гледна точка доведуваат до зацврстување на стабилизаторите на рбетот, колкот и колената, а овие вежби ослободуваат од болка и помагаат за подобрување како на секојдневната рутина на движење, така и во перформансот на останатите фитнес активности, ни вели фитнес инструкторката Елена Мирческа.

Ако сте почетник, Елена ви предлага прво да започнете со основната варијанта на мост, со нозете спуштени на подот. Понатаму, вели,  може да ги применувате дадените варијации, исто со нозете спуштени на подот, за на крај кога ќе се почувствувате подготвени,  постепено да започнете да ги подигате стапалата на дадена подлога.

Подлогата за почеток треба да биде цврста, а потоа може да ја замените и со пилатес топка како напредно ниво. За крај, можете да започнете да вежбате со додатна тежина или јаже за отпор поставени врз колковите.

Како правилно да изведете било која варијанта на мост?

– Легнете на под, свиткајте ги нозете во колената , стапалата да паѓаат дирекно под колената, рацете се поставени покрај телото и служат за држење рамнотежа. Кога ќе започнете да се подигнувате нагоре, вовлечете го стомакот внатре, да си дојде во права линија со телото, внимавајте да не одите премногу горе за да не дојде до неправилно извиткување на половината, ниту да останете спуштени надолу и да предизвикате терет на колената и половината. Телото во крајната позиција мора да има совршено права линија и да го држите стегнато како би се активирале потребните мускули, објаснува Елена и додава дека за почеток треба да почнете со по десет повторувања на вежба, за понатаму да постигнете по 25 варијации од вежба по нога.

Ако сакате да се приклучите на секојдневната фитнес рутина на вежби, и покрај ексклузивноста на вежби кои фитнес инструктораката ги нуди на овие страници за читателите на „Слободен печат“, може да посетите  и „онлајн“ часови во живо и да се обратите за бесплатен пробен час на Фејсбук страната @FitnesStudioLadyFIt.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот