Фото: West Ham United

Вест Хем не запира: Се засили и со Ван Бисака од Манчестер Јунајтед

Aрон Ван Бисака по пет години го напушти Манчестер Јунајтед и негова наредна дестинација е екипата на Вест Хем со која потпиша договор на седум години.

Манчестер Јунајтед го доведе Ван Бисака во 2019 година кога на Кристал Палас му плати сума од 50 милиони евра. Засега не е позната сумата која клубот од „Олд Трафорд“ ќе ја добие како оштета од „чеканите“.

Иако пристигна како големо засилување впечаток е дека Ван Бисака не ги исполни очекувањата на „Олд Трафорд“ и никогаш не се наметна како стандарден првотимец.

Ван Бисака од друга страна за Вест Хем е седмото засилување во овој преоден рок по: Тодибо, Самервил, Гилјерме, Филкруг, Килман и Гвидо Родригез.

„Не размислував многу кога пристигна понудата од Вест Хем. Возбуден сум и среќен што ќе играм тука. Неверојатно е чувството да се вратиш во Лондон. Јас сум роден тука и го знам секој дле од овој град кој одигра голема улога во мојот живот и ми значи што повторно ќе бидам тука. Со нетрпение чекам да излезам на теренот и да ги запознаам соиграчите“, изјави дефанзивецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот