Фото: One Veszprém

Веспрем го совлада Пик Сегед и по триесетти пат е шампион на Унгарија

Екипата на Веспрем ја освои шампионската титула во Унгарија, откако со 34-36 ја победи екипата на Пик Сегед и со 2-0 во финалната серија го совлада „вечниот ривал“.

Пик Сегед имаше одличен старт и во првото полувреме водеше и со пет гола разлика (17-12), но избраниците на тренерот Чави Пасквал не се предадоа. До паузата Веспрем успеа да ја намали негативата, а во вториот дел постепено ја презеде контролата и направи целосен пресврт.

Најефикасен во составот на Веспрем беше Хешам кој стрелаше осум пати, додека пак Пешмалбек беше стрелец на седум погодоци.  Кај ПИК Сегед по шест гола постигнаа Род, Шоштариќ и Банхиди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот