Верувале или не: Со закон е дозволено венчавање со мртовец, но само во оваа земја!

unsplash
Фото: Unsplash

Секоја земја има свои закони и свои правила. Во една, за некои прекршоци се пропишуваат големи казни, во други овие дела не се сметаат за прекршоци.

Додека во некои земји, со закон се дозволени некои работи, во други никако не се. Главно, ретки се земјите кои имаат сосема исти правила. Она што е сосема незамисливо и од една страна сосема неразумно, е тоа што законот дозволува да се венчате со мртва личност.

Верувале или не, и тоа е дозволено, но само во една земја во светот – Франција!

Франција е единствената земја во која е целосно легално жива личност може да се омажи за мртва. Ваквата практика, корените ги влече од периодот на Првата светска војна, кога свршениците преку полномошници се мажеле за своите момчиња кои биле на фронтот.

За сè да биде регуларно, во 1950 година француската влада донела неколку правила. Пред сè, живиот брачен другар мора да добие одобрение од претседателот и министерот за правда. Потоа, се одржува едноставна церемонија на која невестата или младоженецот стојат покрај фотографијата на својата сакана личност. Класичниот израз „додека смртта не нè раздели“ е изоставен од заветот, а зборот „јас“ се заменува со зборот „јас направив“. За да се добие согласност за ваков тип на брак, мора да се обезбедат убедливи докази дека постоела намера за живот за луѓето да се венчаат.

Бракот се смета за легален од моментот на смртта на починатиот, но живиот брачен другар не добива право на наследство. Но, ако жената е бремена во моментот во време на смртта на својот партнер, детето, кога ќе се роди, се смета за наследник на починатиот.

Според неофицијални податоци, во периодот од 1960 до 1992 година биле одобрени 1.654 барања за постхумна венчавка. Деведесет и пет отсто барања се поднесени од жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот