Верушевски: Првите информации за „бомбите“ ги добив во 2010 година

На денешното судско рочиште за случајот „Таргет Тврдина“ поранешниот контраразузнавач Зоран Верушевски во своето сведочење рече дека првите информации за „бомбите“ ги добил во 2010 година.

Пред да почне со сведочењето Верушевски рече дека останува на исказот што го дал пред обвинителот за гонење организиран криминал и корупција во случајот „Пуч“, па на барање на обвинителот Артан Ајро да посочи на што точно се сеќава, Верушевски, изјави дека сѐ убаво објаснил во исказот кој го дал по неговото апсење.

Верушевски кажа дека бил одговорен за безбедноста во СДСМ и додека ја извршувал таа фукција добивал сензитивни информации со кои постапувал.

– До моето лишување од слобода, таа обврска во целост ја исполнив и сите информации кои доаѓаа до партијата го имаа истиот третман. По моето лишување од слобода документите се надвор од мојата одговорност – рече Верушевски и појасни дека никакви материјали не му предал на Ѓорѓи Лазаревски и дека одговорноста за материјалите била на партијата.

Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година, кажа Верушевски додавајќи дека документацијата цело време била во партијата и со неа управува претседателот на партијата.

– Информацијата и документацијата не завршуваше кај мене, туку кај политичката партија – кажа Верушевски пред судот.

Поранешниот контраразузнавач кажа дека откако го уапсиле „бомбите“ доживеале промени.

– Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода – сведочеше Верушевски.

Верушевски изјави дека исказот на Ѓорѓи Лазаревски пред Обвинителството за случајот „Пуч“ бил целосно невистинит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот