Венус Вилијамс на 43 години доби вајлд-карта за настап на Вимблдон

EPA, SANDER KONING

Иако е рангирна на 697. место на ВТА листата Американката ќе игра во сингл на најценетиот турнир во тенисот, затоа што во последно време покажа добра форма а и поради „минатиот труд“

Венус Вилијамс треба да го има својот 24. настап во сингл на Вимблдон, откако 43-годишната Американка доби вајлд-карта за настап.

Вилијамс е петкратна шампионка на Вимблдон во сингл, а беше финалистка во 2017 година, две децении по нејзиното деби во „Ол Ингланд“ клубот.

Рангирана на 697. место, Вилијамс ја победи 48. рангираната Камила Џорџи со 7-6 (5), 4-6, 7-6 (6) во Бирмингем. Тоа беше нејзина прва победа над тенисерка од топ 50 во речиси четири години.

Помладата сестра на Вилијамс, Серена, е седумкратна шампионка на Вимблдон. Серена Вилијамс загуби во првото коло на минатогодишниот турнир и набрзо потоа ја објави својата одлука да прекине со тенисот.

Украинската учесничка Елина Свитолина и британските тенисерки Хедер Вотсон и Кејти Бултер исто така добија вајлд-карти.

Дејвид Гофан, Белгиецот кој стигна до четвртфиналето на Вимблдон во 2019 и 2022 година, е меѓу тенисерите на кои им беа дадени вајлд-карти за турнирот што стартува на 3 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот